Бил Гејтс стана првиот сопственик на луксузна јахта со течен водород

Бил Гејтс стана првиот сопственик на луксузна јахта со течен водород

Sinot Aqua е најновата суперјахта во сопственост на американскиот милијардер и ко-основач на Microsoft, Бил Гејтс.

Тој ја плати суперјахтата дури 644 милиони долари, која располага со супер дизајн од внатрешноста. Со купувањето на овој брод, Гејтс стана првиот сопственик на брод со течен водород.

Суперјахтата има пет луксузно уредени палуби, 320 км/час и може да преплови дури 6750 километри пред повторно да се наполни со гориво. Долга е дури 112 метри, а во себе има два вакумски изолирани резервоари за течниот водород, тешки по 28 тони, кои ја одржуваат температурата на водородот на стабилни -258,89 степени Целзиусови.