Биковиќ веќе три месеци во врска со српски модел

Биковиќ веќе три месеци во врска со српски модел

Милош Биковиќ и руската актерка Аглаја Тарасова од неодамна по пат на Инстаграм потврдија дека ставија крај на нивната врска.

Но, се чини дека парот веќе некое време не е заедно, бидејќи како дознаваат српските медиуми актерот веќе три месеци е во врска со српски модел.

Во прашање е убавицата Барбара Таталовиќ, која важи за една од најангажираните српски модели. Таа и Милош врската ја започнаа уште во јануари, додека тој престојуваше во Белград. Извори тврдат дека врската од самиот почеток е сериозна.

Тоа значи дека Милош и руската актерка врската ја прекинале некаде околу Нова Година, но тоа не им идело во прилог да се дознае поради премиерата на филмот Лед во кој и двајцата ги толкуваат главните улоги. А веќе и почнаа да кружат гласини дека врската од самиот почеток била маркетиншки трик.

Baby did a bad bad thing vol 2

A post shared by Barbara Tatalović (@barbaratatalovic) on