Бијонсе во впечатлива креација со екстремно висок шлиц

Бијонсе во впечатлива креација со екстремно висок шлиц

Пи Диди зачекори во шестата декада од животот.

На ѕвездената забава по повод неговиот 50-ти роденден присуствуваа бројни личности од светот на шоу-бизнисот. Меѓу нив беа и Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи.

38-годишната музичарка привлекуваше големо внимание во црна креација со сребрени елементи и екстремно висок шлиц од косовското дуо Кујтим и Мери Бериша додека влегуваше на забавата со 50-годишниот рапер.

Неодамна, Бијонсе во искрено интервју зборуваше за критиките дека има вишок килограми и изјави дека се чувствува поженствено и посамоуверено отсекогаш. Таа додаде дека мајчинството придонело таа да се цени себеси како нешто многу повеќе од физичкиот изглед.