Бијонсе ќе помогне во родниот град после бурата Харви!

Бијонсе ќе помогне во родниот град после бурата Харви!

Американската пејачка Бијонсе, која е родена Тексашанка, вети дека ќе му помогне на нејзиниот роден град Хјустон што е погоден од бурата Харви.

Заеднички богатството на Бијонсе и на нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи, се проценува на една милијарда долари, според агенцијата Франс прес.

Обемот на дожд што ја погоди американската држава Тексас за време на тропската бура Харви е рекорден во оваа држава и веројатно во САД, оценуваат метеоролозите.Штетата од оваа непогода се проценува на 42 милијарди долари, со што се рангира меѓу петте најголеми што се регистрирани досега во САД.