Бијонсе е гламурозна дама во креација со пердуви

Бијонсе е гламурозна дама во креација со пердуви

38-годишната пејачка изгледаше гламурозно во блескава креација со бели пердуви од Роберто Кавали на синоќешната добротворната гала организирана од Фондацијата „Шон Картер“ на Џеј Зи.

Славната музичка ѕвезда сподели фотографии на Instagram. Хуманитарниот настан траеше две вечери, а на фондацијата ѝ донесе 6 милиони долари. Фондацијата „Шон Картер“ е основана во 2003 година од Џеј Зи и неговата мајка Глорија Картер. Мисијата е да им се помага на лица кои се соочуваат со социо-економски проблеми за да го продолжат нивното образование.