Бидете во тренд, погледнете ги трите најпопуларни фризури на Пинтерест за оваа пролет!

Бидете во тренд, погледнете ги трите најпопуларни фризури на Пинтерест за оваа пролет!

Како што се наближува пролетта, така и се зголемува и потребата за промени и за разубавување па во продолжение ќе видите кои се трите најпопуларни фризури за претстојната сезона според мрежата Пинтерест.

Ако веќе размислувате да го смените вашиот изглед, можеби текстов ќе ви биде инспиративен и ќе се одлучите за некоја драстична промена:

#1 Француска фризура

Тука мислиме на краток боб во комбинација со шишки. За францускиот „шик“ изглед ќе придонесете ако притоа косата е навидум „несредена“, односно со лежерни бранови и волумен. На тоа додадете кармин во корална или црвена боја и подготвени сте за претстојната пролет!

#2 Плетенки

Ова е трендот чија популарност не се намалува веќе неколку пролет-лето сезони. Како да ги носите? Нема правила, а тоа значи дека можете да си играте со креативноста. Дали ќе ги комбинирате со лелеава пуштена коса, или ќе се одлучите за софистицирана собрана, изборот е ваш и ќе биде „ин“!

#3 Раздвоени шишки

Веќе ви е јасно дека шишките ќе бидат меѓу водечките трендови сезоната што ни доаѓа. Но, ќе се носат опуштени и раздвоени. Ако ви треба инспирација, погледнете ги фотографиите на Брижит Бардо од младоста и ќе ви биде совршено јасно за што зборуваме. На Хејли Болдвин дефинитивно ѝ е, бидејќи веќе го применува овој тренд!