Беверли Хилс 90210 се враќа на малите екрани

Беверли Хилс 90210 се враќа на малите екрани

Оригиналната актерска екипа на серија „Беверли Хилс 90210“ се враќа на малите екрани, пренесува „Варајати“.

Џејсон Присли, Џени Гарт, Јан Зиринг, Габриеле Картерис, Брајан Остин Грин и Тори Спелинг ќе ги гледаме во нови шест епизоди од „Беверли Хилс 90210“.

Од оригиналната постава ќе отсуствуваат Лук Пери, кој го играше ликот на Дилан Мекеј, кој го откажа своето учество во новите епизоди, а доживеа и мозочен удар, како и Шенон Доерти, односно Бренда, која боледува од рак.

Актерите нема да ги играат своите филмски ликови во серијата, туку еден вид на засилена верзија од самите нив лично, со здрава доза на непочитување инспирирана од нивните реални животи и односи, се наведува во соопштението од Фокс.

Претседателот на Ентертејмент Фокс, Мајкл Торн, вели дека серијата остави неизбришливо влијание врз поп-културата и врз цели генерации.

-Моќното наследство на оваа серија се смелите приказни и ликови кои се поголеми од животот и тоа е важен дел од автентичната ДНК на нашата мрежа. Чест ни е што ќе ги вратиме омилените членови на оригиналната актерска екипа, изјави Торн.

Крис Албергини и Мајк Чеслер ќе го напишат сценариото и ќе ги продуцираат новите епизоди од серијата.

Оригиналната серија премиерно беше прикажана во октомври, 1990 година