Бергузар и Халит го очекуваат второто дете

Бергузар и Халит го очекуваат второто дете

Турските новинари шпекулираат дека познатата турска актерка Бергузар Корел е повторно бремена со својот уште попопуларен сопруг Халит Ергенч.

Актерката е видена на роденденот на блиска другарка каде се појавила заедно со сопругот.

Новинарите ги зачудило тоа што актерката постојано го криела стомакот со чантата.

Сомнежот е дека бременоста е рана и дека двојката не сака уште да ја обелодени веста.

Актерите наводно чекаат тоа да се случи по третиот месец. Инаку, Бергузар и Халит веќе го имаат синот Али кој има девет години.