Бенитез открива – Натпреварот со Ливерпул ќе биде посебен за мене

Бенитез открива – Натпреварот со Ливерпул ќе биде посебен за мене

Рафаел Бенитес утре ќе го предводи својот тим на гостувањето кај Ливерпул во дуел од Премиер лигата, за кој вели дека ќе биде посебен за него.

Шпанецот беше на чело на црвените во периодот од 2004 – 2010 година. Тој ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул во 2005 година.

– Ова е посебен и многу емоционален натпревар за мене. Имам добри спомени. Моето семејство се уште живее во Ливерпул. Тоа е домот мој, но сега треба да бидеме концентрирани и да победиме, изјави Бенитез.