Бен Афлек повеќе нема да биде Бетмен

Бен Афлек повеќе нема да биде Бетмен

Бен Афлек сепак нема да ја игра улогата на Бетмен во новото продолжение на филмот, објави NME.

Потврдата доаѓа само неколку месеци откако се појавија наводи дека тој нема да биде дел од екипата бидејќи, како што изјавија од Warner Bros услугите на Афлек се премногу скапи за нивната продукција.

Во тоа време, Оскаровецот, кој претходно играше во филмовите: “Batman vs Superman: The Dawn Of Justice”, “Suicide Squad” и “Justice League” беше на лекување од зависност од алкохол.

Важно е да се нагласи дека Бен Афлек претходно бил сменет како режисер од самостојниот филм за Бетмен, а на неговото место поставен беше Мет Ривс. Но, сега и официјално е потврдено дека Афлек нема да игра во претстојниот филм кој ќе го режира со Ривс, а кој ќе биде објавен на 25 јуни 2021 година.

Од друга страна, Бен Афлек на својот Твитер профил објави дека е среќен што новиот филм конечно доби датум за објавување.

“Изведувањето на оваа улога бара фокусирање, страст и најдобри перформанси кои глумецот може да ги даде. Јасно е дека не може да прави две работи на врвно ниво”, рекол Афлек.