Бела Хадид внимава на своето психичко здравје

Бела Хадид внимава на своето психичко здравје

Во неодамнешно интервју кое го направи за Вог, манекенката Бела Хадид открила дека се чувствува подобро од кога и да било и дека нејзиното психичко здравје ѝ е исклучително важно.

Популарната манекенка направила видео интервју за Vogue и одговори на 73 прашања додека шетала низ ранч со коњи. Интервјуто го започнала опишувајќи ја својата кариера како јавач на коњи и дека таа траела 10 години.

Бела претходно била мета на критики откако објавила фотографии и снимки на кои се гледа колку е слаба и тоа значително влијаело на нејзиното психичко здравје.

“Ова е навистина тажно. Таа зборува за самоприфаќање, а таа е слаба. Индустријата во која работа има груби и одвратни стандарди за убавина”, напиша еден од корисниците на Инстаграм.

На видеото кое го снимила за Vogue изгледа сосема нормално и задоволно и истакнува дека нејзиното емотивна и психичка состојба е поважна од сè останато.