Бела Хадид ни открива дека има комплекси и ниска самодоверба!

Бела Хадид ни открива дека има комплекси и ниска самодоверба!

Убавата и привлечна манекенка Бела Хадид во своето последно интервју открила кои се нејзините комплекси, односно колку таа страдала поради својот изглед, иако дизјанерите се борат за да ја добијат.

“Тенки веѓи и вишок килограми е нешто што не можам да си го простам кога бев млада. А сè да биде полошо мислев дека никогаш нема да се промени. Со години ја градев самодовербата, денес се чувствувам многу подобро, но многу работев на себе”, призна 21 годишната девојка.

Нејзината мајка Јоланда беше поранешна манекенка, а дури и денес е промотивно лице во одредени кампањи, а сестрата Џиџи исто како неа, ја гледаме на речиси сите насловни страници.

“Мислам дека имав многу повеќе несигурности поврзани со мојот изглед од било која друга жена”, признала манекенката и не ја призна корекцијата на носот.

“Јас многу го поддржувам контурирањето на лицето, бидејќи секогаш ми помогнува да го дефинирам лицето како што треба”, рече заштитното лице на Диор.

Таа е родена и израсната во Лос Анџелес, а поради модната кариера го напушти училиштето, но секогаш истакнува дека би сакала да го продолжи нејзиното образование за модна фотографија за да може да се занимава со тоа кога ќе ја заврши манекенската кариера.

Кариерата во модна индустрија ја започна на 16 години, а дебито го имаше на модната недела во Њујорк 2014 година.

Има работено на многубројни кампањи, а многу се истакнува и во хуманитарната работа, додека во многубројните интервјуа има изјавено дека би сакала да се занимава со глума.