Барселона спремна за дербито со Вардар

Барселона спремна за дербито со Вардар

Шпанскиот гигант Барселона со уште победа во АСОБАЛ лигата над Хуеска со 33-20, меч кој беше генералка за избраниците на Чави Пасквал за пресметката со нашиот Вардар кој ќе се одигра в сабота од 18 часот во „Палау Блауграна“.

Резултат со слика за рк вардар - рк барселона

Барса дојде до триумфот со рутинска игра, во првиот дел дојде до предност од 10 голови (17-7), додека вторите 30 минути послужија само за потврда на триумфот.

Нашиот Борко Ристовски запиша пет одбрани, а добро за каталонците е што се вратија дел од повредените како Тимотеј Нгесан, Јуре Доленец, Ваел Жалуз и Гонзало Перез Де Варгас.