Барселона со тим за победување!

Ернесто Валверде направи одличен состав на Барселона кој бележи одлични резултати под водство повторно на Лионел Меси, но воедно каталонците се многу подобри и во други сегменти на играта, особено во одбраната.

Каталонците ја имаат најдобрата одбрана во Примера со само два примени голови, во Лигата на шампионите само еднаш ја извадија топката од својата мрежа на трите средби, па не е изненадување што шпанскиот вицешампион го има најдобриот стоперски тандем кога се во прашање најсилните лиги во Европа.

Имено тоа дуо е Жерард Пике и Самуел Умтити кои на седум средби на кои започнале противниците дале само два гола за 583 минути. Кога овие двајца соработуваат прецизно досега стрелале само Гетафе и Атлетико Мадрид.

Најблиску до шпанско-француската комбинација се Ерик Баји и Фил Џонс од Манчестер Јунајтед, нивниот учинок е два голови за 540 минути.