Барселона се пласираше во следната рунда на ЛШ

Барселона се пласираше во следната рунда на ЛШ

Лионел Меси успеа да му одговори на Кристијано Роналдо по блескавата партија која ја имаше Португалецот против Атлетико, откако аргентинскиот мајстор оваа вечер сам го реши амбициозниот Олимпик Лион кој дојде да се надигрува на Камп Ноу.

Резултатот беше отворен при еден спорен момент кога Суарез падна во шеснаесетникот на гостите, но судиите и со проверката на ВАР проценија дека има доволно елементи за најстрога казна. Прецизен реализатор беше Лионел Меси, а потоа следеше гол на Филипе Кутињо откако несебично доби топка од Луис Суарез. Барселона со својата отворена игра му оставаше простор на Лион за доста контри, па така гостите од Франција се вратија во игра во вториот дел со голот на Тусар. Лион се осоколи по дадениот гол и почна да напаѓач за втор гол кој математички можеше да му обезбеди пласман во четвртфиналето, но тоа мислење не го делеше Меси кој стапи на сцена во последните 12 минути. Најпрво со една бравура во шеснаесетникот зголеми на 3:1, а потоа им подели по една асистенција на Пике и Дембеле за конечни 5:1