Барселона остана без уште тројца важни играчи

Барселона остана без уште тројца важни играчи

Прволигашот Барселона и тренерот Ернесто Валвереде во наредниов период ќе се соочат со доста проблеми околу играчкиот кадар, а причина за тоа се петте повреди.

Имено вчера составот од „Камп Ноу“ потврди дека Рафиња поради проблеми со лигаментите на коленото ќе биде во „аут“ до крајот на сезоната, додека пак Серхи Роберто ќе мора да мирува три до четири недели. Денеска пак стигнаа три ново лоши вести и тоа за Луис Суарез, Артур и голманот Јаспер Силесен.

Суарез со соочува со одредени проблеми со десното колено и ќе биде недостапен за Валверде во следните две недели, период во кој ќе мора да митува и холандскиот репрезентативец Силесен (2 до три недели) поради мускулот на десната нога. За Артур пак од таборот на каталонскиот гигант посочија дека засега ќе го скокне само гостувањето кај ПСВ во Лигата на шампионите.

Ако на овие петмина се додадат уште Сампер и Вермален тогаш јасно е дека Ернесто ќе мора да пронајде други соодветни решенија во периодот кој престои.

Добрите вести се дека Иван Ракитиќ и Филипе Кутињо ги надминаа повредите, односно добија зелено светло за настап против ПСВ.