Барселона ќе ја засилува одбраната!

Барселона ќе ја засилува одбраната!

Тимот на Барселона на позитивен начин со две освоени титули ја завршува оваа сезона, но простор за корекции во составот имаи клубот од „Камп Ноу“ ќе се обиде истите да ги направи во текот на летниот преоден рок.

Првата желба е секако Антоан Гризман за кого новиот шпанскиот шампион е подготвен да издвои голема сума на пари и ја активира откупката клаузула. Покрај нападот каталонците сакаат да ја освежат одбраната, поточно централната дефанзивна линија од која дел се Пике, Умтити, Вермален и Мина. Првите двајца се стандардни, додека Белгиецот и Колумбиецот поретко добиваат шанса, но прашање е дали Валверде може сериозно да смета на нив.

Вермален е искусен и знае да покрие, меѓутоа неговиот главен проблем се честите проблеми, додека пак Мина се уште нема оставено позитивен впечаток и можно е да биде пуштен некако на позајмица. Поради ова желбата е да се донесе еден квалитетен стопер, а прв избор за тоа е 22-годишниот Клемен Ленгле од Севилја.

Барса е импресионирана од неговите настапи сезонава, особено од играта на средбата против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“. Ако на ова се додаде оти цената му е 30 милиони евра (откупна клаузула) тогаш јасно е зошто е на мета на екипата од „Камп Ноу“.

Сепак за него има интерес и од други тимови како од Премиер лигата, се споменува исто Реал Мадрид, па вопшто нема биде лесно да се дојде до него.