Барак Обама како Дедо Мраз ги изненади болните дечиња

Барак Обама како Дедо Мраз ги изненади болните дечиња

Барак Обама облечен како Дедо мраз неодамна посети една болница во Вашингтон каде престојуваат болни дечиња.

Со капа на главата и вреќа на грбот ги развесели болните дечиња и им подари подароци.

-Сакам на сите да им се заблагодарам. Имав прилика да разговарам со дечињата и нивните семејства. Како татко на две деца можам да замислам дека во овие мигови на децата најважно им е да имаат некој кој ќе ги држи за рака.

Според реакциите на пациентите, вработените и останатите присутни е доказ дека популарноста на поранешниот претседател на САД се уште е на високо ниво.