Барак Обама им честитал на Џеј Ло и Алекс за веридбата

Барак Обама им честитал на Џеј Ло и Алекс за веридбата

Иако сите сме свесни за фактот дека Џенифер Лопез и нејзиниот вереник, Алекс Родригез, се планетарно популарни и познати личности, некои работи успеваа да нè изненадат. 

Имено, на новопечените вереници, за новиот чекор во врската им честитал и поранешниот претседател на САД, Барак Обама.

Обама лично напишал писмо во кое им посакува сè најдобро, а Родригез не можел да одолее да го сподели на социјалните мрежи.

 

„Џенифер и Алекс, Мишел и јас сакаме да ви честитаме за веридбата. После 26 години заедно, можеме да кажеме дека какви и предизвици да ни носи животот, делењето на истите со некој кого го сакаш, прави да изгледаат полесни. Сè најдобро, Барак Обама“, стои во наведеното писмо.

Родригез под фотографијата додал: „Ова неописливо многу ни значи“.

Џеј Ло сè уште лично не го објавила писмото, но тоа е веројатно поради тоа што Алекс веќе со сите ја споделил оваа чест, на Твитер, Инстаграм и Фејсбук.