Бали – луксузна дестинација за венчавки

Бали – луксузна дестинација за венчавки

Ако некогаш сте размислувале за венчавка на далечна дестинација, тогаш веројатно сте имале проблем да ја одберете таа која е совршена за вас …

Овој пат, ние посветивме посебно внимание на Бали, бидејќи “Four Seasons Resort Bali” во заливот Jimbaran нуди неверојатен олтар над водата, со поглед кон океанот.

Како дел од новото Ultimate Water Wedding Experience, овој огромен лебдечки олтар ги користи сите предности на ова одморалиште и својот егзотичен амбиент, притоа изгледајќи како совршено опкружување за незаборавни свадби.