“Awakening Consciousness ” од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ достапна во 4 европски земји

“Awakening Consciousness ” од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ достапна во 4 европски земји

Англиската верзија на една од најпродаваните книги кај нас за минатата година „Будење на свеста“ од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ, започна со освојување на светскиот пазар. Имено, од вчера „Awakening Consciousness“ стана официјално достапна во 4 земји преку онлајн платформата за купување myWorld.com (мајВорлд). Книгата е достапна во Германија, Австрија, Швајцарија и Италија.

“Многу сме горди што нашиот труд и искуство кое првично го преточивме за македонските читатели, сега успеавме да го пласираме на европскиот пазар во овие 4 држави и ќе имаме можност да им презентираме искуство кое ќе биде личен водич на секој читател. Нашата книга е веќе достапна на пазар кој обединува околу 160 милиони луѓе преку онлајн платформата за купување myWorld која е присутна во 12 европски земји. Покрај англиската верзија, ќе се продава и македонската верзија на Будење на свеста.” – изјавија Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ.

Книгата „Awakening Consciousness“ е издадена од издавачката куќа Паблишер (Издавачки Центар ТРИ) и за прв пат беше промовирана на  71 Саем на книгата во Франкфурт (Frankfurt Buchmesse), кој се одржа минатата година од 16 до 20 октомври. Книгата, која претставува комплетен водич за лична и колективна преобрза, побуди голем интерес пред македонската јавност. Будење на свеста е вистинска авантура  испреплетена со универзални знаења кои ќе ви овозможат да се спознаете себеси вистински, да се разбудите и свесно да креирате. Секој збор, секоја мисла во оваа книга е како нуркање во најдлабоките, најмагичните и најисцелувачките ритуали на постоењето. Македонската верзија на книгата неодамна го доби своето 3 издание.

myWorld.com е онлајн платформа за купување која започна со работа во 12 европски земји и нуди одлични можности за онлајн пазарување.  Оваа џиновска онлајн проданица припаѓа на мајВорлд Групацијата (myWorld Holding),и е во соработка со најголемата куповна заедница во светот Cashback World (Кешбек Ворлд) која брои повеќе од 14 милиони регистрирани членови низ целиот свет и преку 140,000 партнери. Тоа значи дека при секое купувањето од myWorld.com платформатасекој член на Cashback World добива Cashback и Shopping Points, кои се префрлуваат на лична сметка во банка или се користат за добивање на електроски ваучери. Во моментот myWorld.com платформата е достапна во Германија, Австрија, Швајцарија, Словенија, Италија, Шведска, Полска, Норвешка, Чешка, Словачка, Унгарија и Португалија, а наскоро ќе биде и за македонските граѓани.