Ауто Шоу од 10. од 12. мај со олдтајмери и електрични автомобили во Скопје Сити Мол

Ауто Шоу од 10. од 12. мај со олдтајмери и електрични автомобили во Скопје Сити Мол

Од 10. до 12. мај, во надворешниот дел на Скопје Сити Мол ќе може да се погледне несекојдневна автомобилска изложба која ќе опфати олдтајмери, но ќе даде призвук и кон електричната иднина.

Ова Ауто Шоу има за цел да послужи како своеивиден времеплов обединувајќи го минатото преку најстарите автентични олдтајмери, сегашноста -преку актуелната комерцијална понуда на автомобили и секако иднината која треба да биде електрична, особено преку ексклузивните модели на Тесла. Сите љубители на автомобилската индустрија, но и сите кои уживаат во индустрискиот дизајн, како и следбениците на технологијата ќе имаат можност да пропатуваат низ времето преку оваа изложба, а во внатрешноста на Скопје Сити Мол ќе можат да погледнат и електрични велосипеди и тротинети. “Ние секогаш ќе даваме дополнителна вредност на посетителите на Скопје Сити Мол, овозможувајќи несекојдневни изложби и искуства за нив. Ги следиме трендовите и ни е исклучително важно да придонесуваме за заштита на животната средина и токму поради тоа на почетокот на годината ги инсталиравме и првите полначи за електрични возила во паркингот на Скопје Сити Мол. – истакна Валентина Николовска, менаџер за комерцијализација во Скопје Сити Мол Скопје е урбан град кој има потреба од едно вакво ауто шоу кое за прв пат се организира после долго време и е со цел да ги собере сите вљубеници на автомобилот кој обединува технологија, дизајн и функција