Audi TT RS Ur-Quattro слави 40 години постоење

Audi TT RS Ur-Quattro слави 40 години постоење

Audi ја претстави специјална верзија на Audi TT за германскиот пазар по повод 40-годишнината од постоењето на легендарниот модел Ur-Quattro.

На Саемот за автомобили во Женева во 1980 година, Audi претстави модел кој се здоби со статус на легенда во светот на рели-конкуренцијата. Тоа е моделот Quattro, камен-темелник за високи перформанси.

Четири децении подоцна, TT RS добива специјална верзија наречена 40 Years of Quattro со која Audi ја слави оваа годишнина. Верзијата е направена само за Германија и ќе се произве во само 40 примероци, по еден за секоја година од постоењето. Audi TT RS 40 Years of Quattro е обоен во алпско бела боја, а добил и специјални налепници инспирирани од оние на Audi Sport quattro S1, легендарниот рели автомобил.