Audi со нови планови за 2018 година

Audi откри какви модели ќе претстави за овие 11 месеци, во 2018 година.

Два од нив се веќе познати – првиот е луксузниот кросовер Q8 и новата генерација на бизнис-седанот A6, кој ќе се нуди и во караванска изведба. Покрај тоа, компанијата од Инголштат ќе го претстави хечбекот A1 Sportback, како и SQ2 и Q3 crossover. Компактниот хечбек А1 останува без неговата верзија со три и ќе се произведува само со пет врати. Тој е изграден на модуларната платформа MQB (тоа е во основата на моделите Audi TT и Q2), а производството ќе биде преместено од погоните во Белгија, во фабриката на Seat во шпанскиот град Марторел. Спортската крос-купе варијанта SQ2 ќе се разликува од стандардниот Q2 по некои елементи од дизајнот и ентериерот, како и моторот. Автомобилот ќе се потпре на 2.0-литарскиот турбо од Audi S3, со моќ од 300 КС и 380 Nm вртежен момент. Што се однесува до новата генерација на кросоверот Q3, исто така ќе се користи и платформата MQB. Агрегатската понуда ќе се состои од основен 3-цилиндерски мотор, 4-цилиндерски турбо и верзија со хибриден систем.

Во април 2017 година на автосалонот во Шангај беше претставен протопип e-tron Sportback е со моќност 503 КС.Годинава истиот ќе биде претставен со целосно електричен кросовер e-tron.