Атлетико бара нови засилувања на бековските позиции

Атлетико бара нови засилувања на бековските позиции

Се поизвесното заминување на Филипе Луис и Лука Ернандес од Атлетико ќе го натера клубот да донесе искусен играч за бековските позиции.

Ернандес е пред потпис со Баерн, а на Луис му истекува договорот кој раководството не сака да го продолжи. Алтернатива за нив ќе биде српскиот репрезентативец Александар Коларов иако и тој е веќе во поодминати години.

Можно е Атлетико на Рома да и го понуди Томас Патри кој не е задоволен од својата улога во тимот и сака да си замине.