Asus го претстави фантастичниот Republic of Gamers Phone

Asus го претстави фантастичниот Republic of Gamers Phone

Брендот Republic of Gamers им е добро познат на сите гејмери, а деновиве беше претставен првиот ROG Phone на Asus.

ROG (Republic of Gamers) Phone пристигнува со веројатно најмоќниот хардвер кој што до овој момент се има појавено на пазарот. Работи на унапредена верзија на Snapdragon 845 процесорот, има 8 GB RAM меморија и 128, односно дури 512 GB интерна меморија.

Дијагоналата на OLED екранот изнесува 6-инчи со резолуција од 2160 x 1080 и фреквенција на освежување на екранот од 90 Hz и поддршка за HDR.

На задната страна се сместени две камери со резолуција од 12, односно 8 мегапиксели, додека на предната страна се наоѓа камера за селфи фотографии од 8 мегапиксели и два стерео-звучници. Телефонот располага со 3,5-мм влез за слушалки и батерија со импресивни 4.000 mAh.

За батеријата што подолго да трае, телефонот ја намалува брзината на работење со „помалите“ апликации и одржува баланс помеѓу високите перформанси и штедливоста.

Од Asus развиле и посебен додаток за ладење на телефонот, како и додаток кој што телефонот го претвора во гејмерска конзола. На пазарот ќе пристигне и посебен „док“ на кој што ќе се постави телефонот и ќе може да се поврзе со монитор, тастатура и глувче и ќе може да се користи како компјутер.

Првиот Republic of Gamers телефон на Asus ќе се појави на пазарот во втората половина од оваа година кога треба да ја дознаеме и неговата цена, а според хардверот, јасно е дека цената ќе биде меѓу највисоките на пазарот.