Asus го подготвува првиот ROG гејминг телефон

Asus го подготвува првиот ROG гејминг телефон

Asus на пазараот ќе направи пласман на телефон во своја верзија која што ќе биде заснована на популарната гејминг серија Republic of Gamers.

Најпрвин кон крајот на 2017-та година го скршија мразот од Razer, претставувајќи го одличниот Razer Phone, а потоа следуваа и Xiaomi Black Shark како и ZTE Nubia Red Magic.

Според гласините кои што се појавија во специјализираните портали, следни на потег се Asus, а иако се уште не е потврдено, речиси сигурно наскоро на пазарот ќе биде претставен првиот Republic of Gamers гејминг телефон.

Наводно од Asus својот прв гејминг телефон ќе го најават за време на одржувањето на “Computex” од 5-ти до 9-ти јуни, што значи дека тајванската компанија би требало да го лансира овој продукт на пазарот до крајот на оваа година.

Засега не се познати спецификациите на првиот Republic of Gamers паметен телефон, но се шпекулира дека истиот ќе биде опремен со Snapdragon 845 процесорот на Qualcomm, ќе располага со најмалку 8 GB RAM и дисплеј со refresh rate од 120 Hz, а можеби и 144 Hz.