Арсенал и Вулверхемптон добиваат засилувања на голманските позиции

Арсенал и Вулверхемптон добиваат засилувања на голманските позиции

Иако во тек е Светското првенство во Русија, дел од премиерлигашите обезбедија засилувања на голманската позиција.

Имено новиот премиерлигаш Вулверхемптон ги договори услугите на искусниот португалски голман Руи Патрисио. Досегашниот член на Спортинг Лисабон договори четиригодишна соработка со „волците“ и ќе биде второ засилување за тренерот Нуно Санто.

Од друга страна пак Арсенал е пред официјализирање на соработката со Бернд Лено, информација која ја пренесе секогаш добро информираниот „Билд“. Нивните сознанија говорат дека се е договорено со германскиот голман и тој ќе потпише доглогодишен договор со „топчиите“ и ќе стане второто летно засилување за составот од северен Лондон.

Тој ќе биде уште едно освежување по тренерот Унаи Емери и искусниот дефанзивец Стефан Лихштајнер.

За Патрисио и Лено имаше сериозен интерес од Наполи, но на крајот калчолигашот остана со празни раце и сега ќе мора да бара друго решение и наследник на Пепе Реина кој се пресели во Милан.