Арсенал остана без една од ѕвездите во најважниот дел од сезоната

Арсенал остана без една од ѕвездите во најважниот дел од сезоната

Арсенал бележи добри резултати во првата кампања под водство на шпанскиот стратег Унаи Емери кој дефинитивно донесе свежина на „Емирејтс“.

Сепак сезоната е долга и дури на крајот ќе може да се направи и даде целосен заклучок, оценка за сработеното со оглед на тоа што допрва сладат вистинските предизвици.

Особено овој период од годината е важен на островот и ќе биде вистински тест за Емери кој денеска доби една лоша вест за една од ѕвездите на тимот. Имено Хенрик Мхитарјан има скршеница на десната нога и ќе биде во аут шест седмици што значи ќе пропушти голем број на натпревари.

Ерменецот последен пат се појави на теренот на средбата со Тотенхем од Лига купот, ама беше заменет на полувремето. Тој воопшто не беше во комбианција за лигашката средба против Барнли, а токму денеска ја дознавме вистинската причина.

Сезонава одигра 14 средби во Премиер лигата, постигна 4 голови и забележа една асистенција.