Арсенал го победи Милан!

Арсенал го победи Милан!

Милан прв постигна гол на гостувањето на „Емирејтс“, но смешната глума на Дани Велбек на која наседна судијата Ериксон комплетно ги нокаутираше „росонерите“ кои по израмнувачкиот погодок на домаќините се откажаа од пласманот во четвртфиналето на Лига Европа.

Резултат со слика за милан арсенал 2018

По голот на Чалханоглу 35-та минута, четири минути подоцна дојде најконтроверзниот момент на мечот по кој Велбек израмни на 1:1, а во вториот дел Милан едноставно изгледаше дезориентирано и не пронајде начин како да се врати во мечот и да брка уште два гола кои му беа неопходни за пласман во наредната фаза. Наместо тоа, во 71-та минута пристигна една голема грешка на Џиџио Донарума која му донесе гол на Џака за 2:1, а Велбек во 86-та минута ги постави конечните 3:1, односно вкупни 5:1 за Арсенал по двата дуели со Милан во осминафиналето.

Од другите натпревари, Салцбург се пласираше во четвртфиналето откако одигра 0:0 на домашен терен со Борусија и ја капитализираше победата од 1:2 во Дортмунд, додека во оваа фаза ќе ја гледаме и ЦСКА Москва која по поразот од 0:1 на домашен терен, денеска славеше со 2:3 во Лион и благодарение на головите на гостински терен се најде меѓу осумте најдобри во Лига Европа.