Арон Ремзи е нов фудбалер на Јувентус!

Арон Ремзи е нов фудбалер на Јувентус!

Откако подолго време се поврзуваше со трансфер во Јувентус, торинскиот клуб синоќа и официјално потврди – Арон Ремзи е нов фудбалер на Бјанконерите.

Арон Ремзи во Торино пристигнува како слободен играч, со оглед на тоа што неговиот актуелен договор со Арсенал му истекува по крајот на оваа сезона.

Велшанецот и Јувентус синоќа и официјално постигнаа договор, а фудбалерот на Арсенал ќе се пресели во торинскиот клуб по завршувањето на сезоната. Наводно, Ремзи во Јувентус ќе заработува дури 400 илјади евра неделно, со што ќе стане најплатениот британски фудбалер.

Ремзи оваа сезона настапи на 30 натпреварии за Топчиите на кои што постигна три погодоци и додаде седум асистенции.