Арнолд Шварценегер се огласи за своето здравје

Арнолд Шварценегер неодамна беше примен во болницата Cedars-Sinai каде имал термин операција на срцето, а бидејќи зафатот во моментот е во експериментална фаза дошло до компликации…

„Сакам само да знаете дека се чувствувам многу подобро. Но, и покрај мојот позитивен став, се уште не сум одлично. Да се чувствувате одлично е сосема друго ниво, но добро сум“, истакна Шварценегер во кусата видео снимка која ја објавил на социјалните мрежи.

Ова не е првпат Шварценегер да оди на операција на срцето. На операциска маса бил и во 1997. година. Иако лекарите тогаш тврделе дека операцијата не е неопходна, тој се одлучил за зафат бидејќи сакал да ја направи додека е уште млад.