Аризабалага официјално стана најскапото голманско решение во историјата на фудбалот

Аризабалага официјално стана најскапото голманско решение во историјата на фудбалот

Кепа Аризабалага вчера и официјално стана најскапото голманско решение во историјата на фудбалот, доаѓајки на Стемфорд Бриџ од екипата на Атлетик Билбао за сума од 80 милиони евра.

Аризабалага е перспективен голман, но не така познат. Тој на вчерашната прва изјава, истакна дека е среќен за трансфер, и зборуваше што било пресудно за тој да реши да брани за Челси.

Во Ла Лига има повеќе од 50 настапи, а неговите перформанси му осигураа место и во репрезентацијата на Шпанија на СП во Русија.

Ова е важна одлука за мене, мојата кариера и мојот приватен живот. Многу работи ме привлекоа во овој клуб, титули, возбудувања, различни играчи, друг град, Премиерлигата. Мило ми е што доаѓам во Челси, се радувам што ми е укажана доверба – истакна Кепа.

Како што е веќе познато, Челси го продаде Куртоа на Реал Мадрид за 40 милиони евра, а на негово место го донесе Кепа за 80 милиони.