Аријана Гранде се вери со момчето

Аријана Гранде се вери со момчето

Аријана Гранде и Пит Дејвидсон ги изненадија своите фанови со веста дека се верија. Парот беше во врска само неколку недели.

24-годишната музичка ѕвезда и 24-годишниот актер и комедијант започнаа да се состануваат кон средината на минатиот месец.

„Совршено си одговараат. Не брзаат да стапат во брак. Нивните пријатели се навистина возбудени и ги поддржуваат“ – изјавил анонимен извор за Us Weekly.

„Тие се само две лица кои ја пронајдоа љубовта многу брзо и цело време се усреќуваат еден со друг“ – изјавил друг извор за People.

Кратко време пред да започне да се состанува со Пит, Аријана ја раскина двегодишната врска со раперот Мак Милер.