Аријана Гранде е новото заштитно лице на Живанши

Аријана Гранде е новото заштитно лице на Живанши

Аријана Гранде има нова улога – заштитно лице на Живанши. 26-годишната музичарка ја сними првата кампања за луксузната модна куќа и веќе се објавени промотивните фотографии за сезоната есен/зима 2019.

„Живанши е куќа на која отсекогаш ѝ сум се восхитувала, па чест е што сега сум дел од ова семејство. Ја обожавам облеката и самодовербата и радоста кои им ги дава на луѓето кои ја носат“ – изјави Гранде.

Фотографиите се дело на Крег МекДин.