Ариен Робен не крие дека секој меч против Борусија Дортмунд е тежок

Ариен Робен верува дека љубителите на фудбалот ќе може да уживаат во уште еден супер интересен дуел на големите германски ривали Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.

Вечерва на Сигнал Идуна Парк овие два тима ќе се сретнат во дербито од 11. коло на Бундес лигата.

Баерн во првенствените средби против милионерите е без победа во Дортмунд од април 2015, но на последниот меч од Супер купот Баварците се радуваа на трофејот по подоброто изведување на пеналите откако мечот заврши 2-2.

Напаѓачот на Баерн, Ариен Робен не крие дека секој меч против милионерите е исклучително тежок за баварците.

Баерн е лидер на табелата со 23 бодови само три повеќе од Борусија, која нема победа на последните три натпревари во Бундес лигата.