Ариана Гранде ја погодија со лимон на Коачела

Ариана Гранде ја погодија со лимон на Коачела

Ариана Гранде беше погодена со лимон за време на својот настап на фестивалот Коачела во американската сојузна држава Калифорнија, а на интернет се појави и видео од настанот.

На снимката се гледа како, додека пејачката се движи на сцената, некој го фрла лимонот кон нејзините гради, но таа продолжува со настапот.

Гласините говорат дека „напаѓачот“ е обожавател на Бијонсе и на нејзиниот албум од 2016 – „Lemonade“ (Лимонада).

Наводно, како што пишува „Дејли мејл“, фановите на Бијонсе биле револтирани од двојно повисокиот хонорар што организаторите ѝ го исплатиле на Ариана.

Некои пак, сметаат дека се работи за обожавател на поранешното момче на Аријана, Џастин Бибер, кој исто така имаше свој настап и кус говор на фестивалот. Поп-пејачката е во добра здравствена состојба и го најави својот нареден албум.