Ариана Гранде има нов спот

Ариана Гранде има нов спот

По неколку недели чекање, обожавателите на Ариана Гранде конечно добија видео за песната Breathin’ од нејзиниот последен албум Sweetener.

Оваа песна привлече големо внимание откако албумот беше пуштен во етерот.

Инаку, Ариана беше прогласена за жена на годината , и оваа титула и  беше доделена од страна на списанието Билборд. “Гранде е ѕвезда за која нема правила, не се прилагодува на музичките трендови или патеките на индустријата”, рече Рос Скарано, директор на списанието.

Видеото може да го погледнете во продолжение: