Aquaman со заработка од 822 милиони долари

Aquaman снимен по истоимениот стрип на DC Comics, досега оствари заработка од 822 милиони долари на светско ниво. Со тоа, филмот ја надмина и Wonder Woman од минатата година, која досега заработи 821 милион долари.

Aquaman надвор од САД заработи 560 милиони долари, од кои 260 милиони само во Кина. Филмот се прикажува и во Македонија.

Режисер на филмот е Џејмс Ван, сценариото е на Дејвид Џонсон-Мекголдрик и Вил Бил, а во главните улоги се појавуваат Џејсон Момоа, Ембер Хард, Вилем Дефо, Никол Кидман, Долф Лунгрен и други.