Апсолутно добра апликација за Galaxy S10

Апсолутно добра апликација за Galaxy S10

Новите телефони на Самсунг од Galaxy S10 серијата пристигнаа со еден новитет кога е во прашање селфи камерата – наместо да има “Notch”, направено е посебно дупче во горниот десен агол каде што е сместена камерата.

Откако се појавија бројни позадини со интересни решенија кои се обидуваат да ја прикријат селфи камерата, на Google Play Store се појавија и првите апликации кои што нудат посебна функционалност на пикселите кои што се наоѓаат околу самата селфи камера.

Една од нив е Energy Bar, која што откако ќе ја инсталирате, кругчето околу камерата ќе го претвори во индикатор за батеријата.

Благодарение на девелоперите, покрај тоа што Самсунг сега ја има најдобрата селфи камера на светот која што е единствена која нуди снимање на видео записи во 4К резолуција, сега “Infinity-O” концептот на јужнокорејската компанија добива низа на нови интересни функционалности.

Апликацијата Energy Bar можете да ја инсталирате на Galaxy S10, Galaxy S10+ и Galaxy S10e, а истата можете да ја превземете ТУКА.