Apple станува се послаб во продажба на паметни телефони!

Apple станува се послаб во продажба на паметни телефони!

Една од најпознатите американски компании Apple падна на четвртото место на листата на најдобрите светски произведувачи на паметни телефони за вториот квартал од 2019 година. Сега тие се наоѓаат позади Samsung, Huawei и Oppo.

Кој е брендот Oppo? Тоа е кинески бренд на паметни телефони кој е помалку познат на западот.

Според последните податоци компанијата Apple во последните три месеца испорачала 35 милиони iPhone, освојувајќи 11 % од пазарот. Компанијата Oppo пак испорачала 36 милиони телефони и така се најде на тротото место.

Samsung и Huawei покрај сите проблеми во САД испорачале 75 и 58 милиони телефони.

Продажбата на iPhone се намали со драстичен пад, а според аналитичарите причината за тоа е тоа што компанијата не реши да ја намали цената за своите телефони и со тоа им дозволи на своите ривали да заработат повеќе.