Apple повторно ќе лансира iPad Mini

Apple повторно ќе лансира iPad Mini

Apple речиси 5 години не ја обнови популарната серија на iPad Mini таблети, но тоа може наскоро да се промени. 

Според информациите со кои располага добро упатениот аналитичар Минг Чи Ку, Apple догодина ќе го лансира новиот iPad Mini.

Таблетите со помала форма на екранот долго време не се во мода бидејќи во меѓувреме се појавија смартфони со големина од речиси 7 инчи што ги задоволува сите потреби за голема површина на уред кој може да се користи и за телефонски функции, покрај за мултимедија.

Некаде во првиот квартал од 2021 би требало да го видиме таблетот iPad Mini со 9 инчен дисплеј и коцкаста форма на дисплејот, а исто така ќе има и пониска цена со примена на идентична стратегија како кај iPhone SE 2020.