Apple мора да плати половина милијарда долари поради „патент“

Apple мора да плати половина милијарда долари поради „патент“

Apple во текот на минатата година продале над 400 милиони уреди кои што ја користеле технологијата на VirnetX.

Корисниците на уредите на Apple во изминатите години уживаа во можноста за видео разговори преку FaceTime, испраќање на пораки преку iMessages и безбедното сурфање благодарение на VPN. Но, како што одлучи федералната порота, Apple таа технологија ја користеле, иако не биле сопственици на правата над неа.

Целиот случај всушност е стар осум години, но дури сега е донесена одлуката. Компанијата VirnetX која што ги има правата на патентот на технологијата за безбедна комуникација која што Apple ја користеле на своите уреди, поради тоа ќе добие речиси една милијарда долари обесштетување.

Казната, односно надоместот кој што Apple мора да го плати поради користењето на патентот се темели на фактот дека Apple во текот на изминатите години продале над 400 милиони уреди кои што ја користеле „спорната“ технологија.

Компанијата VirnetX првата тужба ја поднеле уште во 2010-та година кога Apple го претставија iPhone 4S. Во меѓувреме Apple и VirnetX ги добиваа и губеа парниците со различни износи за обесштетување, но оваа одлука е најголема досега.

Иако од VirnetX порачаа дека се задоволни од одлуката, од Apple не сакаа да ја коментираат одлуката на судот и висината на оштетата која што треба да ја платат. Сепак, речиси сигурно е дека Apple ќе поднесе жалба.