Apple ја подготвува премиерата на новиот iPad и iPod?

Apple ја подготвува премиерата на новиот iPad и iPod?

Можно е за неколку месеци американскиот гигант да претстави нова верзија на таблетот iPad, како и редизајниран музички плеер iPod.

Apple последната генерација на iPad ја претстави во март минатата година, по што следуваа два модели на iPad Pro во октомври. Сепак, само неколку месеци подоцна, се чини дека Apple ќе престави сосема нов модел на својот популарен таблет.

Од Apple наводно регистрирале нови уреди во регулаторното тело Eurasian Economic Commission, што е задолжително за сите компании кои што сакаат да ги пласираат своите производи на пазарот под ингеренции на EEC (Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан). Регистрацијата била извршена на 25-ти јануари.

Нешто слично се случи и минатиот август кога Apple пријави шест броеви на модели на паметниот часовник Apple Watch, само три седмици пред и официјално паметниот часовник да биде претставен на 12-ти септември.

Засега нема премногу информации околу новите модели на iPad на Apple, а се нагаѓа дека станува збор за уреди кои ќе ја немаат технологијата за препознавање на лице Face ID. Во истиот пакет се наоѓала и референцата на iPod 9.1 кој што секако нема Face ID, ниту пак Touch ID.

Според Forbes, можно е дијагоналата на новиот модел на iPad да биде зголемена од 9,7 на 10 инчи, но најевтиниот модел веројатно нема да има екран кој целосно ќе ја прекрива предната страна  на уредот.