Антонио Конте се враќа од наредната сезона

Антонио Конте се враќа од наредната сезона

Поранешниот италијански селектор, Антонио Конте, потврдил дека од наредната сезона се враќа на работа. Конте, во јули минатата година, доби отказ во Челси, водеше судски спор со сините, поради што реши да ја пропушти оваа сезона.

Поранешниот тренер на Јувентус добил неколку понуди, а допрва ќе решел која од нив ќе ја прифати.

Се уште не знам која понуда ќе ја прифатам. Ќе одберам она што како проект ми изгледа уверливо – рекол Конте за една шпанска телевизија.

Веројатно тренерот ќе преземе некој тим од Италија, наводно добил понуди од Милан, Интер и Рома, а се шпекулира дека го контактирале и од Јувентус. Исто така Германците тврдат дека блиску до неговиот ангажман бил Баерн Минхен.

50-годишниот тренер во својата кариера работел и во Сиена, Аталанта и Бари.