Антони Марсијал е можна замена за Гонзало Игуаин

Антони Марсијал е можна замена за Гонзало Игуаин

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри побарал од управата на клубот во Торино да го донесат Антони Марсијал од Манчестер Јунајтед како можна замена за Гонзало Игуаин.

Аргентинецот се поврзува со заминување од Јувентус ова лето, а минатата недела призна дека би сакал да игра во Премиер лигата затоа што таа била најубава лига во светот.

Според „Газета дело Спорт“ Алегри веќе работи на можни замени за Игуаин, а прв на листата на желби ќе биде Марсијал кој не е задоволен на „Олд Трафорд“.

Меѓу имињата кои се споменуваат со трансфер во Јувентус е и Алваро Мората, а постои можност клубот од Торино да го понуди Игуаин и значителна сума на пари за во своите редови да го донесе Мауро Икарди од тимот на Интер.