Антиќ вербално го нападна судијата во српскиот плеј-оф

Антиќ вербално го нападна судијата во српскиот плеј-оф

Перо Антиќ можеше да биде трагичар на првиот меч од финалето во српскиот плеј-оф.

Поранешниот македонски репрезентативец тотално излезе од контрола во последната четвртина по една досудена лична грешка од него. Вербално го нападна судијата кој прво му досуди техничка грешка, а потоа го исклучи од игра.

За негова среќа, Звезда победи со 84:83 иако на 20 секунди пред крајот беше во негатива.