Англиските репрезентативци добија почесни паркинг места

Англиските репрезентативци добија почесни паркинг места

Англиската репрезентација не успеа да направи подвиг на Мундијалот во Русија и го завршија најгледаниот планетарен настан на 4. место.

Како да не им беше доволно поразот, па веднаш завршувањето на Мундијалот ссе јави и интернет заедницата со коментари, во кои на секаков можен начин ги истролаа Англичаните. Сепак, некој се најде и да им се заблагодари и за освоеното четврто место на Мундијалот со тоа што им направи паркинг места со нивните ликови.

Се работи за синџирот на супермаркети ,,Лидл” кои решија во градовите од каде потекнуваат овие фудбалери да им направи почесни паркинг мест. Хари Кејн доби место во Клингфорд, Киеран Трипие во Вашингтон, селекторот Герет Саутгејт во неговото родно место Кроули.