Англија по подолго време во четвртфинале на СП!

Англија по подолго време во четвртфинале на СП!

Репрезентацијата на Англија е последниот патник во четвртфиналето на светскиот шампионат во Русија.

Гордиот албион оваа вечер по еден исцрпувачки меч и по изведувањето на пенали успеа да ја турне Колумбија и да се најде меѓу осумте најдобри селекции на овој 21 мундијал.

Англија беше подобра и поконретна во регуларниот дел, но не го реши на време прашањето околу победникот и прими гол во 93 минута од дефанзивецот Мина за 1-1 и продолжение во Москва. Дополнителните 30 минути не донесоа ништо позначајно, па се пристапи кон изведување на удари од 11 метри во кои момците на Герет Саутгејт беа поуспешни и со 4-3 закажаа битка со Шведска.

Хендерсон не реализираше за Англија, додека пак на спротивната страна промашија Урибе и Бака.