Ангелот на Викторија Сикрет ја засени модната недела во Њујорк!

Ангелот на Викторија Сикрет ја засени модната недела во Њујорк!

Ангелот на Викторија Сикрет, Кендис Сванеапол била на АМФАР галата по повод отварањето на модната недела во Њујорк, а 30 годишната мајка на две деца го украде целото внимание кога се појави на црвениот тепих во црно-бел коктел фустан со голема машна на грот.

Фустанот бил креација на модната куќа Росарио и чини околу 2.000 фунти. Целата комбинација ја надополни со црни сандали со кристали и црна чанта.

Со минимална шминка и пуштена брановидна коса, Кендис уште еднаш докажа зошто е една од најубавите жени на светот.

На почетокот на 2018 година манекенката започна бизнис, ја лансираше својата линија за долна облека која самата ја рекламира.